Дојде и Нова година, а телефоните и компјутерите одземени поради дојавите за бомби и натаму не се извештачени

Од:

На два дена пред Нова година, вештачењата на уредите од кои МВР се сомневаше дека се испратени дојави за бомби, не се завршени. Ова значи дека два месеци трае екстрахирањето и проверките на уредите одземени од скопјанецот Никола Николовски-Боемот. Не се извештачени ниту уредите на малолетникот кој призна дека испратил дојави за бомби во скопски училишта, иако против него има кривична пријава. Поради ова, Обвинителството за гонење организиран криминал не може случајот да го процесира пред судот кој треба да утврди одговорност. Непроцесиран остана и првиот случај за дојави за бомби, кога мејл испрати вработен во ЈСП дека во автобусите има експлозивна направа. Тука се чека меѓународна правна помош.

„А1он“ знае за четири одземени уреди кои стојат неизвештачени, а кои Обвинителство ги чека за да случаите добијат разрешница

Овие постапки траат предолго, иако институциите постојано тврдат дека се работи интензивно на откривање на лицата кои испраќаат дојави за бомби, како и ниво процесирање. Скопјанецот Николовски познат како „Боемот“ кој два месеци чека да си ги добие уредите назад, уверен дека е невин, си купил и нов телефон. Ова доаѓа откако претходно во интервју за „А1он“ тој кажа дека уредите му се неопходни за работа и студирање, по што замоли да бидат завршени проверките и да му се вратат.

„Изгубив надеж дека ќе ми ги вратат телефонот и лаптопот. Па идеме од ново…“, напиша Николовски, по што додава: „Бришење профили, притвори, одземени лични предмети. Не може толку многу да ме удирате, колку што може појаки да се вратиме“.

И предметот за дојавата за бомба во автобус на ЈСП, испратена од вработен во претпријатието, а поради неисплатените плати, се уште е во предистражна постапка.

„Предметниот обвинител издаде наредби за прибирање на докази до релевантните институции и побара Меѓународна правна помош од државата во која е седиштето на провајдерот од кој е испратена пораката. По добивањето на бараните информации и докази јавниот обвинител ќе донесе јавнообвинителска одлука за понатамошниот тек на постапката“, велат од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.

Дојавите за бомби станаа секојдневие во Скопје. Истите се испраќаат на мејл адреси од институции, училишта, трговски центри. За разлика од претходно, дојави сега има и во училиштата во други градови. Меѓу последните случаи се Охрид и Струга. Доколку се анализира, може да се утврди дека во денот се испраќаат и по два засебни дојави за бомби. Во последните денови, може да се забележи дека наутро дојави добиваат средните училишта, додека поплпадне, основните училишта таргетирани по општини. Засега, никој не одговарал за испратените дојави, а сите се сомничат за терорирам.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) 12 граѓани ги фотографирале гласачките ливчиња, шест пријави за нудење на поткуп – Министерот Тошковски за изборниот ден

Анита Петровска Рајковиќ

МВР: Нови случаи на фотографирање и кинење на гласачко ливче

Горан Наумовски

МВР: Петмина гласачи си ги фотографирале гласачките ливчиња

Горан Наумовски

Приведен охриѓанец, го фотографирал гласачкото ливче

Катерина Ѓуровски

Лични документи можат да се подигнат и в среда на денот на изборите

Анита Петровска Рајковиќ

Бојмацалиев: Одделенијата за внатрешни работи во Кочани и Берово подготвени за претстојниот Изборен процес