Дојавите за бомби направија хаос во онлајн наставата, МОН призна дека имало прекин во функционирањето на „Тимс“

Од:

Новите дојави за бомби утрово направија хаос во училиштата откако учениците беа информирани во рок од еден час да се вклучат на апликацијата „Тимс“ за да продолжат онлајн да ја следат прекинатата настава.

Учениците не можеа да пристапат до своите кориснички смеки, а некои од нив добија пораки дека имаат невалидни лозинки.

„Грешка при пријавувањето. Вашата лиценца не содржи пристап до Microsoft Teams. Побарајте пристап од ИТ администраторот“, е една од пораките кои ги добија учениците при логирање.

Некои ученици постојано ги отфрлал системот иако се најавувале со точни кориснички сметки, а некои успеале да влезат на „Тимс„.

Наставници од неколку училишта добиле порака од МОН дека има проблем со лиценците за програмата.

Од МОН за „А1он“ признаа дека утрово имало прекин во функционирањето, односно во користењето на „Тимс“, но по кратко време учениците успеале да се приклучат.

„Апликацијата ‘Тимс’ функционира и секој ученик со своето корисничко име и лозинка може да пристапи и да го користи профилот за вклучување во онлајн настава доколку во училиштето каде што учи имало заканувачки дојави и од страна на наставниците е дадена таква насока. Добивме известувања од неколку училишта дека утрово имало прекин во функционирањето, односно користењето на ‘Тимс’, но по кратко време учениците се приклучиле со своите кориснички сметки“, одговорија за „А1он“ од Министерството за образование и наука.

МОН претходно со допис на сите училишта им препорача онлајн настава во деновите кога ќе добијат дојави за бомби и која теоретски треба да почне еден час откако учениците ќе го напуштат училиштето.

Би можело да ве интересира

Јаневска: МОН со закон ќе го официјализира дуалното образование

МОН: Над 1.000 асистенти во новата учебна година ќе бидат поддршка на учениците со попреченост

МОН: Од утре ќе се исплаќа неисплатената финансиска поддршка за основци и средношколци

МОН: Нов електронски дневник за работа на училиштата, по тестирањето ќе почне неговата официјална примена

Горан Наумовски

МОН со препорака за скратени часови и со насоки за заштита на учениците од високите температури

МОН: Наставата наместо во саботи ќе се надомести во работни денови