Дојава за бомби во пет скопски училишта, итно евакуирани учениците и вработените

Од:

Пет скопски училишта се евакуирани поради дојава за поставени бомби. Гимназиите „Орце Николов“, „Никола Карев“, „Јосип Броз Тито“, „Раде Јовчевски-Корчагин“ и АСУЦ „Боро Петрушевски“ се целосно испразнети од ученици и персонал, а екипи на МВР вршат пребраувања. Од МВР велат дека пријавите се по пат на мејл.

„СВР Скопје е пријавено дека на меил адреси на пет училишта во Скопје е упатена закана за поставена бомба. Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштата и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за раасчистување на случајот“, велат од МВР.

Во моментов, учениците се надвор од училишниот двор. Ова е втора дојава, откако претходно, вработен во ЈСП пријави дека поставил бомба во автобус поради тоа што вработените немаа земено плати.

Би можело да ве интересира

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари

Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување во МВР

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ

Во тетовско Џепчиште уапсен 15 годишник за закани со убиства и поставување бомби

Полицијата интервенираше: Пет лица се поврзани со случаи на семејно насилство

Горан Наумовски