Договорена стратешка соработка на МОН и СОНК за реформите во образовниот систем

Од:

Процесот на екстерно тестирање, употреба на е-дневникот, колективни договори во високото образование и науката и процесот на трансформација на работниот однос на вработените во основните и средните училишта биле теми на работната средба на Министерството за образование и наука и Советот на самостојниот синдикат за образование, наука и култура на Република Македонија-СОНК.

– Екстерното тестирање, кое годинава се имплементираше првпат, се спроведе со солиден степен на успешност, а идните заложби се во насока на надминување на техничките и извесни процедурални недостатоци кои се детектирани, со цел да не се повторуваат во следните учебни години, рече на денешната прес- конференција министерот за образование и наука Спиро Ристовски.

За употребата на е-дневникот кој, како што рече, од оваа учебна година стана задолжителна обврска за сите просветни работници во основното и средно образование, повеќе забелешки на СОНК веќе се прифатени. – Во тек се активности за подобрување на неговата функционалност во следната учебна година, рече Ристовски.

Договорено е продолжување на преговорите за потпишување на колективните договори онаму каде процесот се уште не финализиран, во високото образование и науката. Во наредниот период ќе се интензивираат средбите и разговорите на работните групи на МОН и на Синдикатот, најави министерот, и во најскоро време се очекуваат драфт верзии, за кои ќе има јавна расправа, се до изготвување на конечните договори.

На средбата била договорена и динамиката за продолжување на процесот на трансформација на работниот однос на наставниците. Ристовски потсети дека од 2009 година, согласно законските измени, досега 6.267 наставници кои работеле на определено време, го трансформирале работниот однос во редовен по само две години, место да чекаат пет.

Претседателот на Синдикатот за образование, наука и култура, Јаким Неделков потенцира дека МОН е отворено за соработка и дијалог. Информира дека употребата на е-дневникот не била секаде овозможена, но, како што рече, во некои рурални средини нема интернет.

Би можело да ве интересира

Советот на СОНК на вонредна седница одлучи в понеделник да протестира пред Министерството за култура

Неделков: СОНК нема да дозволи исплата на плата спротивно на Колективниот договор за култура

Катерина Ѓуровски

МОН: Поради голем интерес до 25 декември може да се аплицира за финансиска поддршка за учениците

Осум важни достигнувања за осум години: Иновации на Бреинстер што го менуваат образованието

Горан Наумовски

Септемвриските плати во основното и средното образование ќе бидат повисоки за 15 oтсто

МОН ветува – ниту еден наставник нема да биде отпуштен, ниту ќе добива помала плата

А1он