Договорена соработка меѓу поштите на Македонија и на Словенија

Од:

Македонска пошта и Словенечка пошта потпишаа меморандум за соработка. Меморандумот предвидува користење на искуствата од Словенечка пошта за иден развој на Македонска пошта.

Договорено е приоритет да биде користењето на ИТМ апликацијата на Словенечка пошта за царинење на поштенски пратки од страна на Mакедонска пошта.

Апликацијата ќе го поедностави процесот на царинење на поштенски пратки од интернет нарачки, што ќе значи големо олеснување за работата на Македонска пошта и Царинската управа на Македонија.

Во соопштението од Македонска пошта се наведува дека генералниот директор Фадис Реџепи за време на посетата на Словенија имал состанок и со преставници од Школскиот центар за пошта, економија и телекомуникации во Љублана. Биле разгледувани можностите Македонска пошта да испрати свои вработени за дообучување и специјализација. Вработените по завршување на специјализацијата ќе бидат ангажирани за интерно обучување на другите вработени во Македонска пошта.

Претставниците на Македонска пошта по престојот во Словенија ќе го посетат Пост – експо 2017, настан организиран од Светски поштенски сојуз – УПУ во Женева.

Би можело да ве интересира

Еден шеф на еден работник во Пошта: Поштари нема, но администрацијата е преполна

Орце Костов

Двочасовен протест утре во националната Пошта

Горан Наумовски

„Купувајте загубени пратки за само 123 денари!“: На интернет си поигруваат со АД Пошта

Орце Костов

Eко Логистик Сервис пошта број 1 во нашата држава покажа анализа од Агенција за пошти

Предраг Петровиќ

Од пошта украдени пари, поштенски марки и други предмети

„Еко Логистик Сервис“ е лидер во сите категории за национална брза пошта за 2022 година

Орце Костов