Додовски: Коалицијата Љубчо-Бранко е навредлива за сите ВМРО-вци

Од:

„Крајот на Бранко Црвенковски и на Љубчо Георгиевски“, ова е темата на трибината организира од институтот „Димитрија Чуповски“.

До сега говореше Марјан Додовски, екс претседател на ВМРО-НП, а потоа премина во редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Според Додовски, оваа колаиција меѓу Црвенковски и Георгиевски е срам и навредлива за сите кои се чувствуваат како ВМРО-вци.

Според него и порано Георгиевски покажувал симтопматично однесување и сакал да коалицира со Црвенковски.

На трибината ќе учествуваат и Филип Петровски, порано претседател на Демократската десница, и критичар на владата, кој пред неколку месеци се врати во ВМРО-ДПМНЕ и доби функција во Лотарија на Македонија, потоа претседателот на Управниот одбор на МТВ и нов амбасадор на Република Македонија, Слободан Чашуле и Драган Павловиќ Латас.

 

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?

ВМРО-ДПМНЕ: Артан Груби ќе одговара за милионскиот криминал