Додевска: Никогаш не сум била на ничија партиска листа

Од:

Анета Додевска водител и уредник на емисијата Индекс на А1 телевизија, демантира дека некогаш била во контакт со Љубе Бошкоски, а уште помалку дека се разговарало да биде на неговата изборна листа.

anetaDo listaPartiska
Во објавената снимка за Љубе Бошковски, тој зборува дека новинарот и водител на емисијата Индекс ќе биде втор на изборната листа во ИЕ4. Никогаш, потенцирам НИКОГАШ не сум била на ничија партиска листа. Во случајов се работи за грешка односно забуна околу имињата, односно на снимката се зборува за друго лице, Анета Василева која, како што може да се види од кандидатската листа, е на второ место во ИЕ4. Во прилог ја објавувам и кандидатската листа од ИЕ4. Со ова ја демантирам веста објавена на неколку медиуми и очекувам демантот да биде објавен, напиша Додевска.

Реакцијата на Додевска доаѓа откако некои медиуми слушајќи ја снимката заклучија дека таа како водителка на Индекс била на листата на Бошкоски и побрзаа да ја напднат А1ТВ

Би можело да ве интересира

Владата апелира медиумите кои емитувале видео и фото материјали од погребот на жртвите да ги повлечат

Трамп ги затвора радиодифузерите „Гласот на Америка“ и „Радио Слободна Европа“?

A1on

Влада донесе предлог на Закон за изменување и дополнување на Законот за медиуми

Предраг Петровиќ

Босанац: Не може да постои демократија без слободни медиуми и без граѓанското општество

Белата куќа им забрани на Ројтерс, АП и други медиуми да известуваат за состанокот на владата

Директорката Иљази им забрани на вработените на Токсикологија да даваат изјави за медиумите

A1on