Доделување сертификати за познавање руски јазик

Од:

Рускиот центар при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје денеска ќе ги додели првите сертификати за познавање руски јазик.

На отворениот конкурс за бесплатни курсеви по руски јазик во предвидениот рок се пријавиле 983 лица. Со цел на сите пријавени да им се овозможи бесплатно изучување на рускиот јазик според највисоки стандарди, Рускиот центар при УКИМ нив ќе ги одржи во три турнуси до крајот на академската година.

На присутните ќе им се обратат ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје проф. д-р Никола Јанкуловски, рускиот амбасадор во Македонија Олег Николаевич Шчербак и директорот на Рускиот центар и почесен конзул на Руската Федерација во Македонија проф. д-р Велимир Стојковски.

Би можело да ве интересира

Пријавување за студии на УКИМ, слободни над 8800 места

УКИМ го објави конкурсот за запишување студенти во прв циклус во учебната 2026/2027 година

Биљана Ангелова резбрана за ректорка на УКИМ

Горан Наумовски

ФИНКИ ќе ги добие двете недовршени згради кај Ректоратот на УКИМ

Катерина Ѓуровски

Студенти од ФЛУ Скопје дел од меѓународна изложба во Сараево

А1он

Доделена годишната Награда на најдобрите научници и уметник на УКИМ за постигнати врвни резултати во 2024 година