Во рамки на проект „Креирање на можности за нови вработувања на жената“ денеска ќе бидат доделени сертификати за негувателки за стари и немоќни лица.
Целта на проектот е да се зголеми интеграцијата на долгорочно невработените жени над 40 годишна возраст на пазарот на трудот. исто така, треба да придонесе да се развие и верификува програма за обука за негуватели за стари и немоќни лица, и да се развијат знаења и вештини на долгорочно невработени жени за обезбедување на мобилни социјални услуги за стари лица.
Овој проект е имплементиран од страна на Црвениот крст на Република Македонија, Црвен крст на град Скопје во партнерство со здружението хуманост и Австрискиот Црвен крст. Финансиран од ЕУ, во рамки на Оперативната програма за развој на човечките ресурси 2007-2013 (ИПА компонента 4).