Доделување награди на најдобрите студенти на УКИМ

Од:

По повод почетокот на академската 2015-2016 година Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ организира доделување награди и пофалници на најдобрите дипломирани студенти во учебната 2012/2013 година и учебната 2013/2014 година.

Ќе биде доделена и наградата „26 јули” на најдобрите студенти во учебната 2014/2015 година од областа на архитектурата, општествените науки и уметностите, како и наградите од Фондацијата „Проф. д-р Димитар Стамболиев’.

– Почитувајќи ја речиси седум децениската традиција, со овој свечен чин, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје им оддава должно признание на најдобро дипломираните студенти на нашиот Универзитет за нивните успеси постигнати во текот на студирањето, се вели во соопштението од УКИМ.

Би можело да ве интересира

Левица: Студентите повторно во мрак, снема струја на факултетите при УКИМ и Студентскиот дом „Стив Наумов“

А1он

Левица: Факултетите и Ректоратот на УКИМ во мрак, Пошта и културните установи под закана од истата судбина

А1он

Почнува новата академска година

Пријавување за студии на УКИМ, слободни над 8800 места

УКИМ го објави конкурсот за запишување студенти во прв циклус во учебната 2026/2027 година

Биљана Ангелова резбрана за ректорка на УКИМ

Горан Наумовски