Доделено црковно признание во знак на благодарност на Проторерј-Ставрофор Спасе Стефановски

Од:

Денес со особена радост беше извршено доделување на признание: благодарствена плакета, писмени честитки и подарок – свет крст на сепречесниот протојереј-ставрофор о. Спасе Стефановски, по повод неговиот исклучителен и редок јубилеј – 65 години од ракополагањето за свештеник. Овој свечен и благодарствен чин претставуваше видливо и јавно сведоштво за длабоката благодарност на македонскиот православен народ кон неговата долгогодишна, пожртвувана и благословена пастирска служба помеѓу македонците во Австралија, извести Австралиско-сиднејска епархија.

„Во текот на повеќе од шест децении, о. Спасе со смирение, ревност и пастирска мудрост му служеше и служи на Господа и на верниот народ, оставајќи трајна духовна и организациска трага во животот на Македонската Православна Црква, особено меѓу македонските заедници во дијаспората.

Плакетата и честитките беа врачени во име на Австралиско-сиднејската епархија на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, како и во име на Македонската православна заедница за Мелбурн и Викторија, како израз на почит кон неговата улога како парохиски свештеник, духовен раководител и архиерејски заменик.
Воедно, му беше предаден и подарокот – свет крст, дар од Епархискиот управен одбор, како симбол на крстоносната, пожртвувана и благословена служба што достоинствено ја носеше низ годините.

Му посакуваме на о. Спасе уште многу благословени години, крепко здравје и духовна радост, а неговиот живот и служба да останат светол пример и сведоштво за верноста кон Христос и Неговата Црква. На многаја и благаја лета прото“, се вели во соопштението.

Би можело да ве интересира

Митрололитот Георгиј устоличен на тронот на Дебарско-кичевската епархија

Игуменот Георгиј е нов митрополит на Дебарско-кичевската епархија

Горан Наумовски

ВМРО-НП: Дали Македонската православна црква го слуша гласот на своето стадо или работи по диктат од надвор?

Струмичка православна епархија: Измамничка шема на профилот на Библиска Македонија

Српскиот патријарх Порфириј: Одлуката за МПЦ беше најспасоносна и најдобра, и за нив, и за нас, за сите

Предраг Петровиќ

Г.г. Стефан: Ништо друго не може да ни даде сила и утеха освен надежта во воскресението