Доделени сертификати за обука за реанимација, транспорт и ретинопатија на новороденчиња

Од:

Државниот секретар во Министерството за здравство Владимир Милошев попладнево се обрати на свеченото доделување сертификати по повод успешно завршената обука на здравствени работници за реанимација, транспорт и ретинопатија на новороденчиња, организирана во соработка со Турската канцеларија за развој и соработка-ТИКА.

Како што информира Министерството за здравство, Милошев истакнал дека обуката е дел од меѓусебната соработка со ТИКА, во насока на континуирана едукација на здравствениот персонал, што е од исклучително значење за унапредување на вештините и знаењата на здравствените работници, со посебен фокус на здравјето на новороденчињата.

Оваа обука е фокусирана на транспорт на новороденчиња и ретинопатија кај предвремено родени бебиња и очекуваме дека значително ќе придонесе кон зајакнување на овие капацитети во сите родилишта низ државата, посочил Милошев.

Би можело да ве интересира

МЗ: Забележано почетно намалување на бројот на новoпрегледани пациенти во Гостивар

А1он

На Oртопедија кај две деца изведени трансплантации на коска од починат донор

А1он

Бојкот на машинскиот персонал, железничкиот сообраќај е во прекин

Активирана фаза 3 од акцискиот план за топлотни бранови – МЗ апелира институциите, работодавачите и граѓаните да постапуваат одговорно

А1он

МЗ: Двајца од повредените во дискотеката „Пулс“ пуштени на домашно лекување

А1он

Меџити: Информацијата за укинување на организациските директори доставена до Владата

Ана Ололовска