Доделени наградите за најдобрите студенти на УКИМ

Од:

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје денеска ги додели наградите и пофалниците на 21 најдобро дипломиран студент во учебната 2014/2015 година на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје.

Во рамките на свеченоста беа доделени и наградите „26 јули” на најдобрите студенти во учебната 2015/2016 година од областа на архитектурата, општествените науки и уметностите, како и од Фондацијата „Проф. д-р Димитар Стамболиев“.

Според ректорот на УКИМ Никола Јанкуловски, денеска, покрај нивниот одличен успех, им се оддава признане и благодарност на најдобрите студенти за нивниот голем интерактивен придонес во развојот на унапредувањето на дејностите на УКИМ.

– Нашите најдобри студенти со нивните успеси постигнати во текот на студиите учествуваат во дефинирањето на смерниците на континуираното подигнување на квалитетот на студирањето на УКИМ како најстар, најдобар и најголем Универзитет во Република Македонија, истакна Јанкуловски.

Наградата 26 Јули ја добија седум редовни студенти од завршниот семестар од прв циклус студии со просечен успех остварен во текот на студирањето со најмалку 8. Наградата изнесува 11.000 денари за секој студент, обезбедена од Фондацијата „Франк Манинг“ од Лондон.

Наградата од Фондацијата „Проф. д-р Димитар Стамболиев“ ја добија 12 студенти од Машинскиот, Медицинскиот и Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство.

Во име на наградените дипломирани студенти се заблагодари Методи Донев од Медицинскиот факлултет кој нагласи дека да се биде во најуспешните студенти за нив претставува чест и задоволство, но и, како што рече, обврска да се покаже и афирмира квалитетот на нивните знаења во Македонија и на глобално ниво.

За Јорданка Чанева од Градежниот факултет која студиите ги завршила со просечен успех 9,84, наградата претставува самопромоција за која рече е добредојдена и е мотивација за натамошни успеси. Таа во моментов е на магистерски студии на Институтот за земјотресно инженерство и вели дека не планира да ја напушти државава. Чанева е добитник на инженерски прстан и досега нема добиено конкретна понуда за вработување, но рече дека за нејзината струка има работа и е просперитетна.

Најдобрите студенти од Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ покрај пофалница добија и преносен таблет-компјутер.

Би можело да ве интересира

УКИМ повторно рангиран на 1.990 место од 2.000 најдобри универзитети во светот

УКИМ донесе Одлука за основање Фондација „Горан Стефановски“

Вработените на петте јавни универзитети на мирен протест побараа потпишување на колективен договор и изедначување со УКИМ

Горан Наумовски

Ристов: Непочитувањето на колективен договор на УКИМ е кршење на принципот на владеење на правото

Ќе се зголемува школарината за студентите: Предлогот за поскапување испратен до студентските собранија

Орце Костов

Професори од УКИМ бараат пријавата против ректорката Ангелова да биде приоритет за Антикорупциска

Катерина Ѓуровски