А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Доделени наградите за манифестацијата „Новогодишните бои на Скопје 2012“

by А1он25/12/2012 - 14:39191
Share0

Градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски, денеска им ги врачи признанијата  на годинашниве добитници на наградите во четири категории од манифестацијата „Новогодишните бои на Скопје 2012“, најубаво украсен угостителски објект, семејна куќа, тераса и двор на средно училиште.

Добивај вести на вибер

Најубаво украсен објект е кафулето „ГЕТ –КАФЕ“ на улица „Сава Ковачевиќ“ бр.47Б  во Кисела Вода, а најубаво украсена семејна куќа е куќата на Марјан Михајловски, на улица „Таки Даскало“ бр.4А во населба Драчево. Најубаво украсена тераса е терасата на Филип Нечевски на бул. „АВНОЈ“ бр.26/15 во населба Аеродром, додека најубаво украсен двор на средно училиштен е на СУГС „Димитар Влахов“.

– Град Скопје ја продолжува традицијата  на стимулирање на граѓаните и фирмите за украсување на своите објекти со што Скопје добива поубав предновогодишен лик, рече Трајановски.

Спонзори на манифестацијата „Новогодишните бои на Скопје“ се ЕВН Македонија и компанијата за увоз и продажба на моторни масла и филтри „Фас Вас“ од Скопје.

Игор Гиевски од ЕВН Македонија истакна дека четрврти пат се дел од манифестацијата „Новогодишните бои на Скопје“ и им честиташе на добитниците.

Град Скопје и годинава обезбеди парични награди во вредност од 10.000 денари, што им ги додели Трајановски. Фирмата за увоз и продажба на моторни масла и филтри „Фас Вас“ ДООЕЛ од Скопје на победниците во првите три категории им додели ваучери во вредност од 2.000 денари, а ЕВН Македонија еднократно ги ослободи победниците во сите категории од плаќање на сметката за потрошена електрична енергија за декември 2012 година. За наградите одлучуваа комисии составени од медиумски претставници.

nova godinaskopje

Би можело да ве интересира

Скопје ја започна празничната „Новогодишна зимска бајка“

А1он15/12/2025 - 19:32

ВИДЕО: Конечно и во Скопје, без огномет за дочекот на Нова година

Катерина Ѓуровски15/12/2025 - 14:5615/12/2025 - 14:56

53-годишен скопјанец се повреди и почина на работното место

Горан Наумовски13/12/2025 - 13:5413/12/2025 - 14:51

Жена пријави физички напад врз ќерката од поранешниот сопруг во Скопје

Горан Наумовски01/12/2025 - 18:25

Ѓорѓиевски: Скопје останува Европска престолнина на културата за 2028 година

Горан Наумовски20/11/2025 - 20:17

Скопјанец со автомобил сакаше да повреди дечко и девојка од Италија, тврди Обвинителството

Горан Наумовски20/11/2025 - 19:57
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен