Доделени наградите на најдобрите проекти за интелектуална сопственост

Од:

„Не биди Кук, биди Пан“, „Малите детективи“ и „Правата на интелектуална сопственост“ на наставниците Марија Китанова, Славица Карбева и Николина Ѓорчевска се најдобрите ИКТ проекти на натпреварот што го организираше Американската стопанска комора во Македонија.

Натпреварот, на кој се пријавија 13 проекти, е продолжение на активностите почнати со годишната конференција за заштита на правата од интелектуална сопственост одржана во април годинава на која наставниот кадар од повеќе училишта имаше можност да се запознае со програмата „Partners in learning“ на Мајкрософт.

Како што рече Билјана Јанева, претседател на комитетот за интелектуална сопственост при Американската стопанска комора, оваа програма им овозможи на наставниците да ги изготват проектите чија цел беше темите поврзани со правата од интелектуална сопственост да влезат во наставата.

– Нема друг освен наставниците што може да ни помогне во спроведувањето на овој процес, истакна Јанева пред доделувањето на наградите за трите најдобри проекти.

Осврнувајќи се на планираните активности во Комората, Јанева ја најави кампањата „Останете здрави, користете оригинали“ што ќе се одржи утре во Сити Мол. Кампањата, во соработка со Координативното тело за интелектуална сопственост, ќе продолжи во уште четири градови низ Македонија, Куманово, Тетово, Прилеп и Штип.

– На инфо штандови ќе бидат изложени фалсификувани производи и промотивни материјали преку кои граѓаните ќе можат да се информираат за штетните последици од користењето фалсификувани производи. Воедно ќе им се укаже како да прават разлика меѓу фалсификуван производ и оригинал, соопшти Јанева.

Би можело да ве интересира

Владеењето на правото и борбата против сивата економија и корупцијата, клучни проблеми за бизнисот

Ковачевски: СДСМ заедно со бизнис секторот ќе ја исполни целта за европска и развиена економија

Стопанската комора поднесе Иницијатива за уставноста на Законот за данок за солидарност

Стопанската комора со сет барања за дополнителна поддршка на домашниот агросектор

Стопанска комора ќе бара од ЕУ да ги пролонгира роковите за одредени стандарди и регулативи кај бизнисот

Горан Наумовски

Стопанска комора: Владата го повлече Предлог-законот за данок на солидарност, но бараме целосно да се стопира неговото донесување