Доделени наградите „Лидер“

Од:

Министерката за образование и наука Рената Дескоска денеска ги додели наградите од изборот за најдобар ученик по струки од завршните години –„Лидер“ од средните стручни училишта во Република Македонија во оваа учебна година.

Изборот четврта година по ред го организира Министерството за образование и наука во соработка со Центарот за стручно образование и обука и со поддршка на професори од високо образовните установи во државата и претставници на бизнис заедницата.

Натпреварот, како што соопшти МОН, имаше една единствена цел – да се поврзат теоријата и практичната работа за учениците да можат своето знаење да го преточат во изуми, кои подоцна ќе ги користат во наставата.

Оваа учебна година за учество во натпреварите се пријавиле средношколци од 21 образовен профил од осум струки: машинска, електротехничка, сообраќајна, економско-правна и трговска струка, земјоделско-ветеринарна, хемиско-технолошка, угостителско- туристичка струка и струката лични услуги.

Годинашни добитници на наградите се Тијана Крстевска од СЕПУГС „Васил Антевски-Дрен“ од Скопје (економско-правна и трговска струка), Сања Георгиева од СУГС „Димитар Влахов“ од Скопје (лични услуги), Никола Стоименов од ССОУ „Коле Неделковски“ Велес (електротехничка струка), Ребека Колевска од СОУ „Димитар Влахов“- Струмица (хемиско – технолошка стрка), Стефан Делев од СОУ „Никола Карев“-Струмица (машинска струка), Антонио Тренески од ЕМУЦ „Св. Наум Охридски“-Охрид (сообраќајна струка), Камелија Илиева од СОУ „Кочо Рацин“ од Свети Николе (земјоделско- ветеринарна струка) и Кристијан Стоимов од СОУ „Коле Нехтенин“ Штип (угостителско – туристичка струка).

Би можело да ве интересира

Јаневска: МОН со закон ќе го официјализира дуалното образование

МОН: Над 1.000 асистенти во новата учебна година ќе бидат поддршка на учениците со попреченост

МОН: Од утре ќе се исплаќа неисплатената финансиска поддршка за основци и средношколци

МОН: Нов електронски дневник за работа на училиштата, по тестирањето ќе почне неговата официјална примена

Горан Наумовски

МОН со препорака за скратени часови и со насоки за заштита на учениците од високите температури

МОН: Наставата наместо во саботи ќе се надомести во работни денови