Доделени 62 ваучери за новороденчиња во Кисела Вода

Од:

Нови 62 ваучери за новороденче се доделени денеска во Општина Кисела вода. Ваучерите во вредност од по 6.000 денари ги додели градоначалникот Билјана Беличанец-Алексиќ.

Проектот е дел од програмата од социјална сфера на општината, донесен по предлог на градоначалникот, а едногласно поддржан од Советот на општината. Досега се доделени вкупно 2047 ваучери.

Целта е да им помогне на новите родители за првите потреби кои доаѓаат заедно со новороденчето. Истиот ги опфаќа семејствата каде двата родитела се со живеалиште на територија на општина Кисела Вода, или едниот, во случај на самохран родител. Заедно со барањето тие треба да достават на увид важечки лични карти или други исправи за лична идентификација, извод од матична книга на родените за новороденчето, како и фотокопија од трансакциона сметка. Рокот за поднесување на барањата е 90 дена, од моментот на раѓање на детето.

Би можело да ве интересира

Тројца мажи се истепале во Кисела Вода

Мајка и син нападнати во Кисела Вода

Водици во Кисела Вода се одбележа во базенот „Расадник“: Крстот го фати Давид Мелоски

А1он

Каевски: Нула резултати на Орце Ѓорѓиевски во Кисела Вода после 2 години локална власт на ВМРО-ДПМНЕ

Предраг Петровиќ

Нема парно во дел од Кисела Вода, дистрибутивната мрежа губи вода

Орце Костов

Вечерва „Викенд на мртовци“ и „Кајмак“ на „Кино на отворено“ во Кисела Вода