Доделени 552 решенија за легализација на дивоградби во Виница

Од:

Комисијата за легализација на дивоградби во Општина Виница од вкупно поднесените 3.061 барање за легализација на дивоградби извршила увид врз 604 предмети и има издадено 552 решенија, додека 76 се во постапка.Од решените предмети 46 се во фаза на исплата од страна на сопствениците кои ги легализираат објектите.

– Од почетокот на оваа година заклучно со август работевме на 119 предмети за легализација, а се издадени и 126 решенија. Минатата 2012 година се издадени 251 решение, додоека најмногу решенија за легализација на дивоградбите се издадени 2011 година вкупно 175, кога и стартуваше Законот за легализација на дивоградбите, истакна Владо Петров, претседател на Општинската комисија за легализација на дивоградбите во Општина Виница.

Во Општинската изборна комисија истакнуваат дека најмногу барања за легализација се поднесуваат во летниот период кога поголем број жители на Виница и населените места се враќаат во родниот крај.

Би можело да ве интересира

МВР: 38-годишен маж од Виница починал во двор на познаник

Отстранета опасност од истечен хлор во филтер станица во Виница

Горан Наумовски

Виница: Ја претепал, силувал и снимал 20 – годишната вереница

А1он

На улица во Виница се истепале три жени

Банда од Виница крадела по куќи и мачела животни

Приведен разбојник на автобуска станица во Виница