Доделени 14 награди на натпреварот „Македонија се сака на точак“

Од:

Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ) и Републичкиот совет за безбедност  на сообраќајот на патиштата (РСБСП) денеска доделија 14  награди за најкреативни фотографии кои вклучуваат природа и активности со велосипед на територијата на Македонија за  наградната игра  „Македонија се сака на точак”.

Целта на натпреварот, кој траеше три месеци преку Фејсбук апликација, беше да се зголеми свесноста за користење алтернативен превоз и промоција на убавините на Македонија.

– Сценографијата на фотографијата која беше замислено да содржи  велосипед и природна убавина од територијата на Македонија, ја реализираа околу 300 натпреварувачи, а 14 од нив добија награди за својот труд, креативност и залагање за активно користење на  велосипедот како сообраќајно превозно средство, соопшти АППТ.

натпревар „Македонија се сака на точак“

Фотографиите кои  беа дел од наградната игра во иднина ќе се користат и за промоција на Македонија во странство, како и промоција на велосипедизмот како облик на сообраќај. Со тоа, укажува АППТ,  перспективата и ентузијазмот на велосипедистите кои учествуваа во наградниот натпревар ќе послужи како мотиватор на странците што  претендираат да ја посетат земјава.

Изборот за најдобрата фотографија, според соопштението, е направен од четиричлена  комисија од АППТ и РСБСП, а останатите фотографии кои ги исполниле пропишаните критериуми, се избрани според  бројот на гласови од публиката.

Би можело да ве интересира

Американка која сама патува низ светот открива: „Не се чувствував безбедно во Албанија“

Предраг Петровиќ

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Дали сте спремни за продолжениот викенд?

Предраг Петровиќ

Зголемена фреквенција на возила на граничниот премин Табановце за излез и за влез во државата

Англиски турист ги осквернави фреските во Помпеја: „Сакав да оставам трага од мојата посета“

Предраг Петровиќ

ДЗР: Одржувањето на магистралните и регионалните патишта во опасност поради сериозните финансиски предизвици на ЈП