До сабота врнежливо и релативно топло

Од:

Времето денеска во земјава е облачно со повремени локални врнежи од дожд, пообилни во југоисточните делови (локално над 30 l/m² за 24 часа). Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималните температури ќе бидат во интервал од 4 до 8, а максималните ќе достигнат од 8 до 13 степени.

Во Скопје ќе преовладува облачно време со повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Минималните температури ќе се спуштат до 6, а максималните ќе достигнат до 11 степени.

До сабота времето ќе биде претежно облачно и релативно топло со повремени локални врнежи од дожд. Во западните и јужните делови врнежите ќе бидат пообилни (локално над 30 l/m² за 24 часа). Од недела ќе има стабилизирање на времето.

Би можело да ве интересира

Променливо облачно време со сончеви периоди за празниците

Сончево во мала облачност и темеператури до 20 степени

Темепратура до 25 степени денска, од утре повеќе облаци, во сабота повеќе дожд

Сончево и топло до 25 степени

Дожд денеска и утре, од недела потопло

Облачно со дожд, на повисоките места и снег