До полноќ пријавување на болните за гласање на 27 април

Од:

На полноќ е последниот рок за доставувања барања до општинските изборни комисии за гласање на болни и немоќни и лицата во домашен притвор на предвремените парламентарни избори закажани за 27 април.

Државната изборна комисија (ДИК) за гласањето на претседателските и предвремените парламентарни избори ги заостри критериумите за тоа кои лица можат да гласаат во домашни услови.

За претседателските избори беа пријавени над 7.000 болни и немоќни за гласање, но ДИК и општинските изборни комисии прифатија само 6.980. Болните и немоќните гласаат еден ден пред изборите односно сега во сабота на 26 април. За претседателските избори ќе гласаат само оние што веќе се пријавиле во рокот за нив, а за предвремените парламентарни тие што ќе достават комплетна документација која ќе биде прифатена од ОИК и ДИК.

ДИК во четвртокот го заклучи избирачкиот список за предвремените парламентарни избори на 27 април. Вкупно право на глас имаат еден милион 780.128 граѓани. Прифатени за гласање во странство се барањата на 27.828 македонски државјани кои престојуваат или работат во странство, што е зголемување за повеќе од два пати во споредба со претседателските избори, на кои имаат можност да гласаат 8.332.

Бројот на затворениците запишани во избирачкиот список за парламентарните избори е 1.843, внатрешно раселените 38, а зголемена е бројката и на членовите на избирачките одбори кои ќе го спроведуваат гласањето на дијаспората, бидејќи поради бројноста на пријавените гласачи има уште по едно избирачко место во Венеција, Берн и Виена.

По изборни единици во првата запишани во ИС се 297.686 гласачи, во ИЕ 2 306.067, во ИЕ 3 280.891, во четвртата 280.810, во ИЕ 5 286.434 и во шестата 304.458 гласачи. Најмногу пријавени за гласање во дијаспората има во ИЕ 7 (Европа и Африка) 18.911, во осмата (Северна и Јужна Америка) 3.337, додека во ИЕ 9 (Австралија и Азија) 1.534.

Според Роковникот на ДИК до вторник на полноќ е дозволено да се објавуваат анкети за јавно мислење за предвремените парламентарни избори. Овој рок е последен и за доставување барања за набљудување на изборите. Досега, според веб-страницата на ДИК, се пријавени 9.197 домашни и 489 странски набљудувачи за претседателските и за предвремените парламентарни избори, но се очекува овој број да се зголеми.

На 27 април во Македонија истовремено ќе се одржат вториот круг од претседателските избори и предвремени парламентарни избори.

Би можело да ве интересира

Ана Брнабиќ се обрати до ЕУ поради студентски предизборен спот: „На Вучиќ му се закануваат со силување“

Мерц по поразот: „Повеќе немаме задоволителни одговори на премногу прашања“

ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори

Предраг Петровиќ

Илјадници луѓе ширум Србија чекаат во ред да ја поддржат листата „Александар Вучиќ – Обединета Србија“

Вучиќ: Ќе поднесам оставка на 25 или 26 септември, во кампањата ќе настапам како обичен граѓанин

Горан Наумовски

Мицкоски: Нека поднесе опозицијата барање, ќе одиме на избори и ќе победиме