До почеток на кампањата сите службени возила треба да бидат брендирани

Од:

Службата за општи и заеднички работи на Владата отопочна постапка за брендирање, односно означување на сите службени возила во државата. Целта е до 29 септември, односно до почеток на кампањата за локалните избори сите службени возила и возила во сопственост на државата да бидат брендирани, односо да ги заменат регистарските таблички на службените возила со нови, специјални таблици во боја, изјави директроот на Службата за општи и заеднички работи на Владата, Ивица Томовски.

Томовски, денеска на прес-конфернеција информираше дека станува збор за околу 7 до 7,5 илјади возила, нагласувајќи дека МВР заклчучно со 31 декември годинава презело обврска да направи регистар на службени возила.

-Вчера прославивме 34 години независност и пред тоа слушавме многу пати во овие 34 години дека ќе се брендираат, ќе се спречи онаа можна злоупотреба на сите службени возила за приватни и партиски цели, но тоа не се случило досега. Сега, ние на дело го покажуваме тоа. Им дадовме насока и препорака на сите институции во државата да отпочнат со промена на тие таблици. Ова нека биде втор повик. Имаат рок до 15 септември, овој месец да ги брендираат сите возила. Доколку и тоа не го направат, ќе повикаме по трет пат да се брендираат, со цел до 29 септември, односно до почеток на кампањата за локални избори сите службени возила и возила во сопственост на државата да бидат брендирани, нагласи Томовски.

Правилникот не предвидува казни, рече Томовски, појаснувајќи дека доколку некои избегнат односно не направат брендирање во рокот до 29 септември тоа ќе мора да го направат со регистрација, кога ќе добијат специјални таблици во боја.

-Тука сте медиумите, тука сме инстититуциите да дадеме со какви возила располага државата, тука е Антикорупциска која веќе има некаков регистар. Да оставиме простор до крајот на неделава, чинам дека сите институции ќе одговорат, изјави Томовски.

Правилникот предвидува да се брендираат сите возила кои што се во сопственост на државата, како што се владините возила, општинските возила, возилата на Јавните претрпијатија и се она што значи доминантна сопственсот на државата.

-Правилникот ќе претрпи мали измени во текот на годинава, бидјеќи ги опфаќа и возилата кои што се за специфични намени, како што се дел од возилата на МВР и дел на Агенцијата за национална безбедност. Тие ќе бидат исклучени од ова брендирање, но сите останати ќе бидат брендирани. Зборуваме најмногу за возила кои го користи администрацијата. Да ќе има дел од МВР кои што ќе бидат исклучени, но дел ќе бидат брендирани, бидејќи ги користи администрацијата, изјави Томовски.

Одлуката за оваа новина беше донесена на владината седница на 29 јули, а први чии возила веќе се брендирани се СОЗР, ТИРЗ, Агенцијата за храна и ветеринарство и Царинската управа.

Би можело да ве интересира

За две години, државните институции набавиле нови возила за 8,5 милиони евра

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Аздисаниот Пеце Мирчевски се пишал новинар за да патува во Бугарија

Горан Наумовски

30 дена притвор за Пеце Мирчески, поранешен директот на СОЗР

Горан Наумовски

Финансова полиција: Поранешниот директор на СОЗР незаконски заработил пари на штета на државниот Буџет

МВР: Во тек е полициска акција, се истражува незаконитост со тендери за сервисирање на службени возила

Горан Наумовски

Финансовата полиција врши претрес во домот на Пеце Мирчески

Горан Наумовски