До обвинителствата нема пријави за нерегуларности на избирачкиот процес

Од:

До Јавното обвинителство засега не е пристигната ниту една пријава за нерегуларности на гласачкиот процес.

Како што соопшти претседателот на Комисијата за следење евентуални противправности, Џељаљ Бајрами, пријава нема ниту од граѓани, ниту од кој било друг.

-До овој момент изборниот процес се одвива мирно, без посериозни нарушувања. Ниту во Комисијата, ниту во основните обвинителства каде што има организирани дежурства, нема пријавен настан. Очекуваме дека така ќе продолжи до завршување на изборниот ден, изјави Бајрами.

Тој напомена дека во сите основни обвинителства низ земјава, покрај редовните, се организирани и дополнителни дежурства за следење на изборните активности и навремено постапување ако биде пријавен каков било случај или настан.

Би можело да ве интересира

Можни резултати од унгарските избори, и што секој од нив ќе значи

(ВИДЕО) Мицкоски: На следните избори „мекотелните политичари“ ќе заминат во историјата

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?