Влада: До маркет и до аптека да оди само по еден член на семејството

Од:

Владата го задолжи Министерството за информатичко општество и администрација да подготви и за наредната седница на Владата да достави протокол и анализа со која ќе се регулира систем на набавка на прехранбени продукти и лекови, од страна на само еден член од семејство/домаќинство.

Освен ова, Владата го задолжи Министерството за информатичко општество и администрација да подготви и за наредната седница на Владата да достави уредба со законска сила во која правно ќе нормира обврска на сите телевизии и радија да обезбедат емитување на информативни пораки (подготвени од Министерството за здравство и Владата на Република Северна Македонија во врска со КОВИД-19) во времетраење од 2-3 минути на секој час на радио и телевизиските програми.

На владината седница се заклучило да им се препорача на сите вработени лица во органите на државната управа, јавните претпријатија основани од државата, акционерските друштва во државна сопственост, агенции, фондови, бироа, заводи, управи и сите останати државни институции, како и се укажува на единиците на локалната самоуправа, јавните претпријатија и другите правни лица основани од единиците на локалната самоуправа, како и на вработените лица од приватниот сектор да ја преземат (инсталираат) мобилната апликација „Стоп корона!“.

„За оваа цел, се укажува на Фондот за здравствено осигурување на Република Северна Македонија да ги задолжи сите матични лекари на територијата на Република Северна Македонија на своите пациенти да препорачаат преземање (инсталирање) на мобилната апликација „Стоп корона!“, стои во владиното соопштение.

Воедно, се задолжува Службата за односи со јавност на Владата на Република Северна Македонија да направи интензивен план за медиумско информирање на оваа мобилна апликација, со цел успешно спроведување и почитување на одлуките, мерките и препораките на Владата.

Би можело да ве интересира

Владината прес-служба тврди: Лажна вест е тврдењето на СДСМ дека семејството на премиерот Мицкоски патувало до Хрватска со владиниот авион

Горан Наумовски

Владата ги утврди новите амбасадори – Муртезани заминува во НАТО, Ефремов во Софија

Авионот се користи според прописите, опозицијата шири сензационализам – реакција на Владата

Катерина Ѓуровски

Последна блокада на ССМ пред Владата во барање за зголемување на платите

Горан Наумовски

Курти го претстави составот на новата косовска влада, Ненад Рашиќ е предложен и за министер

Деановски и Ралповски: Постигнат e договор со Владата за унапредување на правата на административците

Горан Наумовски