До Град Скопје поднесени над 2.100 барања за субвенции за велосипед

Од:

Од објавувањето на јавниот повик до денес до Град Скопје поднесени се над 2.100 барања за добивање субвенција за купување велосипед.

Град Скопје денеска соопшти дека формираната Комисија секојдневно ги обработува пристигнатите барања и одлучува по нив согласно критериумите за добивање субвенции.

– Имајќи предвид дека средствата кои Градот Скопје ги предвиде за оваа намена се ограничени (10 милиони денари) и истите се речиси исцрпени, апелираме до сите заинтересирани за добивање на надоместок на дел од трошоците за набавка на велосипед истото да го сторат што е можно поскоро, се наведува во денешното соопштение.

Барањето за субвенција заедно со потребната документација треба да се достават до Град Скопје на адресата бул. Илинден бр.82, во архивата на Град Скопје, секој работен ден од 09:30 до 15 часот.

Јавниот повик со критериумите и барањето се достапни на интернет врската – http:www.skopje.gov.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=785.

Би можело да ве интересира

Автопатот Скопје-Блаце носи нов импулс за развој, вели Николоски

(ВИДЕО) Вирусот на западнонилска треска се шири: 43 случаи, првпат потврден и кај мртов гавран во Скопје

Горан Наумовски

Мртов маж е пронајден во двор во Скопје

Горан Наумовски

25-годишен скопјанец силувал 14-годишно девојче

Повикани 13 лица во полиција поради ширење лажни информации за водата во Скопје

Мртва 45-годишна жена е пронајдена во стан во Карпош