До директорите на ЈЗУ доставен бодовник за плаќање по учинок што се користи во САД

Од:

До директорите на јавните здравствени установи (ЈЗУ) е доставен бодовникот со тежинските коефициенти што се користи за медицинските интервенции и процедури во Соединетите Американски Држави (САД). Целта е да се спореди бодовникот што се користи во САД со интервенциите и тежинските коефицинети што ЈЗУ сами ги имаа дефинирано во врска со користењето на системот за Плаќање по учинок, информира Министерството за здравство.

Доставеното е со цел уште подобра имплементација на системот за Плаќање по учинок, и врз основа на разговорите во Владата помеѓу премиерот Никола Груевски и министерот за здравство Никола Тодоров со претставници на синдикатите на лекарите.

– Договорено е евентуалните коментари и забелешки во однос на тежинските коефициенти и интервенции од САД и нивната примена во нашите ЈЗУ да бидат доставени до Министерството за здравство во следниот период. По тој период, се очекува прилагодување на тежинските коеефициенти и интервенции од страна на самите ЈЗУ согласно бодовникот од САД, соопшти Министерството за здравство.

На овој начин, се додава во соопштението, веруваме дека врз основа на еден светски објективен и кредибилен систем за вреднување на трудот на лекарите, ќе овозможиме дополнително унапредување на вреднувањето на лекарите во Република Македонија преку системот за Плаќање по учинок.

– Потенцираме дека остануваме посветени на новите стандарди што ги воведуваме во здравствениот систем, кои почиваат на принципите на квалитет, непристрасност и чесност, и кои во својот фокус и за своја главна цел ги имаат пациентите, за кои и постои здравствениот систем, се посочува во соопштението.

Би можело да ве интересира

Пристигнаа сто нови возила за итната помош, се унапредуваат условите за иницијален третман на пациентите уште при транспортот

Смртноста на државна кардиохирургија бара јасни одговори

Предраг Петровиќ

Бесплатно советувалиште во Центар за дојка

„Крварев и умирав од болки“ – медицинска сестра сведочи за голготата која ја минала во три болници

Катерина Ѓуровски

Левица: Европската Комисија потврди дека граѓаните сѐ уште се заложници на коруптивен здравствен систем

Горан Наумовски

Алиу: Градиме здравство што одговара на потребите на граѓаните