До 17 часот излезеноста e 39,61 отсто

Од:

Излезеноста на локалните избори до 17:00 часот е 39,61 отсто, соопшти Државната изборна комисија (ДИК). Гласањето се одвива без проблеми и засега не се пристигнати никакви дојави за евентуални нерегуларности или неправилности.

Како што информира портпаролката на ДИК Радица Тодоровска Алексовска, пристгнати се податоци од 3 221 избирачко место. Вкупниот број запишани избирачи од кои се пристигнaти податоците е 1 699 296.

Процентот на избирачки места од кои се пристигнати овие податоци е 92,72.

-Најголема излезеност има во Вевчани 61,84, Дебарца 53,41, Демир Капија 57,65, Дојран 60,91, Зелениково 52,77, Карбинци 50,25, Конче 55,13, Крива Паланка 56,01, Кривогаштани 52,33, Крушево 60,31, Лозово 61,09, Македонски Брод 59,66, Пробиштип 56,43, Ранковце 57,07, Росоман 58,69, Старо Нагоричане 52,26, Чашка 65,50 и Чучер Сандево 51,74 отсто. Најмала излезеност е регистрирана во Шуто Оризари 30,38 проценти, Радовиш 31,57, Маворов Ростуше 25,89, Пласница 32,87, Врапчиште 20,94 отсто, информира Тодоровска Алексовска на прес-конференција.

Во Град Скопје излезеноста по општини е: во Аеродром 39,32, Бутел 42,29, Гази Баба 35,55, Ѓорче Петров 37,73, Карпош 42,86, Кисела Вода 39,37, Сарај 47,94, Центар 42,35, Чаир 45,09 и Шуто Оризари 30,38 отсто.

-На локалните избори во 2021 година, според тогашниот пресек во 17:00 часот, излезеноста во Скопје била 41,38 отсто, истакна Тодоровска Алексовска.

Според неа, досега нема најава за продолжување на гласањето по 19 часот во ниту едно од избирачките места.

ДИК апелира изборните органи да не ја попречуваат работата на домашните медиумски работници и од нив да не бараат акредитации од ДИК.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Победата на ВРЕДИ е формална, се е благодарение на организираното гласање на ВМРО-ДПМНЕ, вели Адеми

На 11 јануари ќе се гласа во општините каде што немаше цензус

Катерина Ѓуровски

Снопче бара од Гаши пред Нова Година да ги распише повторните избори во четирите општини

ДИК ги прогласи Локалните избори 2025 за конечно и официјално завршени

Мицкоски: Владата согласно закон ќе именува повереници во општините каде изборите беа неуспешни

ЛДП: Поверениците во четирите општини да не можат да се кандидираат за градоначалници на повторените избори