До 13 часот гласале 284.942 гласачи, одѕивот е 20,45 отсто

Од:

Од обработени 75,50 отсто од избирачките места, до 13 часот на гласање излегле 284 942 гласачи или 20,45 отсто од граѓаните запишани во Избирачкиот список.

Со најголем одѕив се издвојуваат Прилеп – 35,2 отсто, Новаци – 33,12 отсто, Свети Николе со 31,10 отсто, Неготино – 29,02 отсто, Пробиштип – 30,62, Ранковце – 30,63, Демир Капија со 32,75, Кратово со 30,53 и Вевчани – 29,54 отсто.

Најнизок одѕив има во Липково – 5,43, Желино 6,62 и Врашчиште 7,5 отсто.

Гласањето од 7 часот се одвива непрекинато и без проблеми со исклучок на едно гласачко место во Студеничани, каде гласање денес нема бидејќи три часа доцнеше отворањето на гласачкото место.

Портпаролката на Државната изборба комисија, Љупка Гугучевска извести дека до нив стигнале 2 приговори за заштита на избирачко право, кои се одбиени.

„Лицата не се пронашле во Избирачкиот список. Имале важечки документи, но издадени по јавниот увид, поради што немало можност да бидат запишани во Избирачкиот список. Двата приговори се одбиени“, рече ппртпаролката Гугучевска.

Одѕивот на предвремените локални избори кои се одржуваат истовремено со претседателските во Дебар е 17,57 отсто, во Ново Село е 21,27 отсто и во Охрид е 26,18 отсто.

Портаролката Гугучевска соопшти дека ДИК има непотврдени сознанија дека на гласачкото место 2344 во Студеничани имало нерешени локални проблеми, поради кои гласањето не почнало. На ова гласачко место право на глас имаат 60-тина лица. Дали ќе има гласање на ова гласачко место ќе се одлучи откако ќе бидат сумирани резултатите. Гласање ќе има доколку гласовите влијаат на конечниот резултат.

Маја Илиевска-Пачемска

Би можело да ве интересира

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар

Конечен извештај на ДИК за локалните избори 2025 – следуваат повторени избори во четири општини

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември