До 11 часот излезноста 14,18 проценти, најголема во Ранковце 38,2 отсто

Од:

За четири часа на гласање излегле 14,18 отсто од запишаните гласачи. Гласале вкупно 160.035 гласачи. Најголем бил одѕивот во Ранковце, каде до 11 часот на гласање излегле 38,2 отсто од запишаните гласачи.

Најмал одѕив има во Сарај каде на гласање до 11 часот излегле 5,19 отсто од гласачите и во Боговиње каде одѕивот е 6,8 отсто.

Претседателот на Државната изборна комисија (ДИК), Александар Даштевски, утрово соопшти дека сите гласачки места биле навреме отворени. Прекини имало на неколку места поради технички проблеми, сите се надминати и онаму каде што прекинот бил еден час, гласањето ќе биде продолжено.

Во вториот круг градоначалници се избираат на 2481 избирачко место во 44 општини и во градот Скопје, каде што не беа избирани градоначалници во првиот круг. Право на глас во овие општини во и град Скопје имаат вкупно 1.353.990 граѓани.

Одѕивот до 11 часот во првиот круг беше 10,22 отсто. Највисок одѕив до 11 часот во првиот круг имаше во Новаци 25, 84 отсто, а најнизок во Врапчиште каде до 11 часот на гласање беа излезени 4,92 отсто од запишаните гласачи.

Поголем одѕив во вториот круг беше регистриран и при првиот пресек, во 9 часот кога на гласање беа излезени 5,25 отсто од запишаните гласачи. Во првиот круг до 9 часот на гласање беа излезни 2,28 отсто од гласачите.

Би можело да ве интересира

ДИК одлучува по приговори од вториот круг на изборите за градоначалник на Дебар

Ана Ололовска

Избори за градоначалник на Дебар: Дука од ДУИ – 4.291 глас, Поцеста од АА/А – 4.153

А1он

Хекуран Дука го победи Беким Поцеста во Дебар за 138 гласа

Катерина Ѓуровски

Дука прогласи победа во Дебар

Ана Ололовска

Во Дебар затворени гласачките места

Ана Ололовска

Во Дебар се зголемува излезноста на гласачите

Ана Ололовска