До 10 часот во Вевчани излезност над 6 проценти

Од:

Во општина Вевчани излезноста до 10 часот е над 6 отсто, информира претседателката на Општинската изборна комисија Параскева Гогоска – Кукоска.

Гласањето, според неа, се одвива непречено, без никакви проблеми, а не очекува пречки до крајот на изборниот процес.

– Од 2.044 вевчанци со право на глас до 10 часот своето граѓанско право го остварија 134 лица или над 6 проценти, изјави Гогоска – Кукоска.

Во избирачкото место 1921 од региситрирани 660 гласачи до 10 часот гласале 40 лица или 6,06 отсто, во 1922 од 916 гласачи, излезени се 67 или 7,31 процент и во 1923 од 468 гласачи до 10 часот излезени се 27 или  5,77 отсто.

Во сите три избирачки места во Општина Вевчани гласањето почна навреме во 7 часот утрово, а граѓаните гласаат за една од листите за избор на пратеници на предвремените Парламентарни избори.

Би можело да ве интересира

Хан во Скопје на средби со политичките лидери

Ана Ололовска

Рама: Не е важно кој ќе формира влада, туку албанската платформа

Ана Ололовска

Средба на ДИК и МОСТ по повод Денот на изборите

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Иванов: Ќе го дадам мандатот на тој што ќе обезбеди мнозинство од 61 пратеник

А1он

Ванхауте: Втора рунда во Македонија – Груевски не направи здрав компромис со Албанците

Наум Локоски

Ивановски: Иванов уште денеска треба да му го предаде мандатот на СДСМ

А1он