ДНЕТ: Не одиме во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ, одлуката на Сарач е лична и несериозна

Од:

ДНЕТ излезе со соопштение за најновата одлука на Ердоган Сарач за коалицирање со ВМРО-ДПМНЕ. Еве што стои во соопштението:

Движењето за национално единство како критична маса и совест на турците ги информира своите членови, поддржувачи и граѓаните на Македонија.
Денешниот евтин спин на медиумите и претседателот Ердоган Сарач дека партијата ДНЕТ (Движење за национално единство) преминува во коалиција со ВМРО ДПМНЕ се невистинити. Оваа импулсивна и несериозна одлука на претседателот Сарач е личен чин, без поддршка на членството на ДНЕТ.
До денес 11.11. 2016 год – 15ч, одговорно тврдам дека таква одлука не е помината од органите на партијата. Ниту И.О. ниту Ц.О. на ДНЕТ се нема составено а најмалку гласано по оваа точка така што за членовите на ДНЕТ сеуште важи одлуката донесена и потпишана за коалиција во опозицискиот фронт предводена од СДСМ.
Апелираме до членовите да се воздржат од коментари и провокации од различни центри блиски до системот.

Со почит,
Един ЈАКУПОВИЌ
ген.секретар на ДНЕТ

Би можело да ве интересира

ДНЕТ со поддршка на градоначалничката кандидатура на Таравари

Наум Локоски

Отворено писмо од Един Јакуповиќ до Ердоган Сарач

Наум Локоски

ДНЕТ: Сарач го прекрши статутот на партијата и го наруши нејзиниот углед

Ана Ололовска

ДНЕТ: Поддршка на СДСМ и опозицискиот фронт до конечна победа

Ана Ололовска

Јакуповиќ до Сарач: Немој да се криеш под параванот на Режимот!

Ана Ололовска

ДНЕТ со поддршка за Ердоган

Емир Латифовиќ