„ДМ“: Во Македонија нема од спорните еко-кашички за бебиња

Од:

Спорните еко-кашички за бебиња повлечени од некои земји, кај нас воопшто ги нема во продажба, соопшти денеска ланецот маркети „ДМ“ во Македонија.

– Наведениот производ со спорниот рок на траење никогаш не бил испорачан во нашите дрогериии и никогаш не бил ставен во продажба за нашите потрошувачи, информира „ДМ“.

„ДМ“ ги замолува сите свои потрошувачи кои го имаат набавено производот со спорен рок на употреба во која било од земјите од каде што е повлечен, да не го конзумираат и да го вратат во „ДМ“ дрогериите во Македонија, без разлика дали е отворен или не. Спорниот производ ќе биде заменет со нов или средствата ќе им бидат вратени во целост.

Производот „babylove“ кашичка за бебиња од јагода, малина и јаболка, со нето-тежина 190 грама и рок на траење до 5 јули 2019 година, наменет за деца постари од четири месеци, е повлечен од продажба поради мерки на претпазливлост откако во примерок се пронајдени остатоци од средства за чистење кои содржат хлор.

Би можело да ве интересира

Уништена е над еден тон небезбедна храна од продавниците за здрава храна

А1он

АХВ апелира до сопствениците: Чипирањето на кучињата e законски задолжително

Горан Наумовски

АХВ нема да постапува по анонимно поднесени претставки

АХВ лани спровела над 125 илјади контроли, изречени казни од 618 илјади евра

Казни од 40 илјади евра по вонредните контроли во маркети и хипермаркети од страна на АХВ

Предраг Петровиќ

АХВ уништи над 624 кг. небезбедна храна, изречени се казни од над 33.000 евра