Стејт департмент: Длабоко сме загрижени по одлуката на претседателот Иванов

Од:

САД се длабоко загрижени по објавата на македонскиот претседател Иванов да помилува лица за кои се води истрага во врска со скандалот со прислушувањето, соопшти денеска Стејт департментот.

„Доколку биде применета оваа одлука ќе ги заштити корумпираните функционери и ќе оневозможи правда за народот на Македонија. Таа дополнително ќе го поткопа владеењето на правото, интегритетот на судските институции и кредибилитетот на посветеноста на лидерите на темелните вредности на НАТО и ЕУ“, се вели во изјавата на пртеставникот на Стејт департментот Џон Кирби.

„Како пријатели на Македонија САД силно го поттикнува претседателот Иванов да ја преиспита оваа одлука и да дозволи Специјалниотот обвинителство, востановено како дел од договорот од Пржино, да ги истражи сериозните наводи за владини злоупотреби, и да им дозволи на судовите да ја исполнат својата работа. Ние, исто така, ја охрабруваме Владата и партиите да продолжат да работат на реформи што ќе ги зајакнат демократските институции и ќе ја вратат македонија на патот кон кредибилни избори и евро-атлански интеграции“.

Би можело да ве интересира

Иран се заканува со напади на американски и израелски универзитети во регионот

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Илјадници жртви досега во војната на Блискиот Исток

Рубио: Напредокот во контактите со Иран – Ормутскиот теснец e многу важен

САД потврдија дека користат беспилотни бродови против Иран

Пентагон подготвува уште 10.000 војници за Блискиот Исток

Мандон: САД станаа непредвидлив сојузник