А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

ДКСК засилно ќе ги следи информациите во пресрет на изборите

by А1он31/01/2020 - 12:57248
Share0

Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) во деновите до почетокот на изборите, но и за време на изборите засилено ќе ги следи сите информации кои се објавуваат во медиумите, како и оние што на сите останати начини пристигнуваат до Комисијата и доколку постои и најмал сомнеж за основано коруптивно однесување ќе отвора постапки по сопствена иницијатива и по допрен глас, порача денеска претседателката на ДКСК Билјана Ивановска.

Добивај вести на вибер

Тоа, како што рече Ивановска на денешната прес-конференција, ќе го прават со цел да го испитаат постапувањето и работењето на политичките партии и сите избрани и именувани функционери.

-На веб страницата на ДКСК повторно ќе биде активирана формата за пријавување на сомневања за неаконитости и прекршувања во изборниот процес и во изборната кампања на предвремените парламентарни избори, која ќе може да ја пополни секој кој има сознание за евентуални пркршувања на одредбите од Изборниот законик за забрана за употреба на буџестски средства, односно забранети дејствија на јавните инститции од денот на распишувањето на изборите, како и во текот на изборната кампања, рече Ивановска.

На веб страницата, додаде, ќе биде поставена и ажурирана веб апликација – Регистар на возила во државни органи, органи на локална самоуправа, јавни претпријатија и други правни лица што располагаат со државен капитал преку кој секој ќе може да ги пребара возилата по институција и регистарска таблица.

-Доколку има сомнение за злоупотреба секој ќе може да пријави сомневање до ДКСК, рече Ивановска.

Таа им препорача на државните институции во наредниот период да внимаваат на почитување на законските норми од Изборниот законик и другите закони што го регулираат изборниот процес, но и на начелата за добро управување со интегритетот кои, како што рече, пред се, влијааат на легитимитетот на севкупниот изборен процес.

-Во периодот по утврдување на датумот за предвремените избори, а посебно во јануари сведоци сме на помасовно објавување на огласи за вработување што иако не е ограничено со Изборниот закон и со нашиот закон остава простор за сомневање дека се врши влијание врз гласачкото тело дотолку повеќе што некои конкурси не можат да јадобијат својата заврница до изборите и на тој начин учесниците во конкурсите се ставаат во незавидна позиција, предочи Ивановска.

dkskizbori 2020

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ со 2,2 милиони денари ја почестиле фирмата на синот на антикорупционерката Ристовска

Горан Наумовски30/01/2026 - 11:42

Левица: Повеќе од еден месец молк од антикорупциска за тендерските шеми на Томовски – дали и овие докази се „изгубија“ во октоподските пипци?

Горан Наумовски27/01/2026 - 19:24

Левица: Со демантот за октоподот, ДКСК индиректно призна дека работи за власта

Горан Наумовски22/01/2026 - 16:50

Во Антикорупциска има мрежа преку Цвета Ристовска за контрола на предмети за ВМРО-ДПМНЕ, тврди Левица

Катерина Ѓуровски21/01/2026 - 11:34

Левица: ДКСК со Цвета Ристовска наместо да го спасува Томовски по втор пат да го истражи случајот со тендерите

Горан Наумовски11/12/2025 - 12:04

Адем Чучуљ e избран за претседател на ДКСК

Горан Наумовски03/12/2025 - 14:02
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен