ВИДЕО: ДКСК ќе покрене прекршочна постапка за пратеничката од СДСМ, Тања Ковачев

Од:

Антикорупциската комисија ќе проверува 36 вработувања во УЈП ангажирани преку Агенција за привремени вработувања.

Меѓу вработените се и сопругата на директорот на истражниот затвор „Скопје“, Ѓоко Котевски, Катерина Котевска и сестрата на пратеничката Тања Ковачев, Катерина Јакимовска.

Од директорката на УЈП, Сања Лукаревска, антикорупционерите ќе бараат дополнително преиспитување за начинот на кој се вработиле овие лица и ќе алармираат до Владата да престане праксата на масовно ангажирање лица преку агенциите за привремени вработувања, бидејќи останува сомнеж дека станува збор за партиски вработувања.

ДКСК одлучи да поведе и прекршочна постапка за пратеничката Тања Ковачев затоа што не известила дека нејзиниот сопруг е вработен во АД Аеродроми. Ќе се „чешлаат“ и уште пет вработувања во оваа институција, а извештајот од ДКСК ќе го доставата и до Владата.

Галена Николовска-Ризвановиќ

Би можело да ве интересира

Левица: ДКСК со Цвета Ристовска наместо да го спасува Томовски по втор пат да го истражи случајот со тендерите

Адем Чучуљ e избран за претседател на ДКСК

(ВИДЕО) Огњеновиќ: СДСМ поднесе пријава до ДКСК за тендерите од девет милиони евра, заедно со сите докази

Горан Наумовски

13 кандидати за претседател на ДКСК

ДКСК ќе поднесе иницијатива за утврдување одговорност во АД Електрани

Ристовска порача: ДКСК останува посветена на своите законски обврски