ДКСК: Јанкулоска ажурно го пријавува имотот

Од:

Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска сиот свој имот и имотот на нејзиниот сопруг како и настанатите промени во нивната имотна состојба ги има ажурно пријавувано во Државната комисија за спречување на корупцијата.

Тоа го наведува во денешното соопштение ДКСК, по лиферуваните информации за наводно зголемување на имотот на Јанкулоска за 200.000 евра со купување станови од 2006 година кога стапи на функцијата.

Според ДКСК, од увидот направен во анкетниот лист произлегува дека Јанкулоска во 2006 година од кога е на функцијата министер, пријавила стан во вредност од 50.000 евра стекнат пред стапување на функцијата.

– По 2006 година тој стан е продаден, а во истиот период Јанкуловска и Илиевски имаат подигнато кредити и заем во вкупен износ од 100.000 евра. Со средствата од кредитите и од продадениот стан имаат купено два стана во вкупна вредност од 140.500 евра за што во пријавените промени во анкетниот лист се приложени и купопродажните договори, како и договорите за подигнатите кредити. Очигледно дека не се работи за станови во вредност од 200.000 евра стекнати преку плата, туку становите се купени со долгорочни кредити на сопружниците добиени под редовни банкарски услови, се вели во соопштението.

Би можело да ве интересира

Уапсен е странски државјанин на „Ќафасан“ – со фалц документи проба да излезе од Македонија

А1он

Поднесено обвинение за дел од осомничените во предметот со фалсификуваните возачки дозволи

ВИДЕО: Казнета е жената со „Поршето“ која фрлаше ѓубре во Лепенец

Во сообраќајка згасна животот на татко и син од Марино – се судрија со автомобил управуван од 19 годишник

А1он

Уапсен е битолчанец – кај него пронајдени три пушки и три пиштоли

А1он

Претреси на 32 локации во Скопје по наредба на судија, се проверуваат и простории на МВР