А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

ДКСК иницира прекршочни постапки за градоначалниците на Гази Баба и на Штип

by А1он17/04/2019 - 15:26125
Share0

Државната изборна комисија ќе иницира прекршочни постапки за градоначалниците на Општина Гази Баба и на Општина Штип за прекршување на Изборниот законик и на Законот за спречување на корупцијата и судир на интереси.

Добивај вести на вибер

На денешната седница на Комисијата делумно беше прифатен приговорот од ВМРО – ДПМНЕ за договорот склучен од страна на градоначалникот на Општина Гази Баба Борис Георгиевски со Агенција за обезбедување имот и лица во вредност од четири милиони денари, за физичко и патролно обезбедување на 11 основни училишта и две детски градинки. За склучениот договор, утврди ДКСК, се работи за финансиски средства предвидени во годишните јавни набавки, меѓутоа спорно е соопштението објавено за настанот од страна на општината и објавено во неколку медиуми, за што и ќе се иницира прекршочната постапка.

Прекршочната постпка против градоначалникот на Штип е во врска со дистрибуција на дрва за огрев на четири социјално загрозени семејства и за Ј.П „Исар“, со помош на ЈП.„Македонија пат“ и „Македонски шуми“, како и ТТПЕ.

По приговор од ВМРО – ДПМНЕ, комисијата заклучи да се иницира постапка за утврдување одговорност за Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој – Скопје, која исплатила вкупно 77 милиони денари на над две илјади лозари за откуп на винско грозје од реколтата 2014-2015 година од приватните винарии „Повардарие“ и „Стефанс“. Според ДКСК не се работи за тековни односно редовни исплати.

ДКСК по сопствена иницијатива ќе отвори и постапки за утврдување на фактичката состојба во однос на соопштението објавено на веб страницата на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој на 14-ти април дека се исплатени 27 милиони евра на 26.776 тутунопроизводители за реколтата од 2018 година.

Ќе се утврдува и фактичката состојба и ќе се бара да се преземат понатамошни постапки од страна на Институцијата во врска со раководителот на одделението за хортикултура Јово Темелковски во ЈП „Водовод и канализации“ кој на 16-ти април со маица од претседателскиот кандидат Стево Пендаровски се појавил во работните простории.

ДКСК го отфрли приговорот од ВМРО – ДПМНЕ против в.д. градоначалник на Општина Ново Село за вработување 10 општи комунални работници на определено време од 30 дена

dkskmakedonija

Би можело да ве интересира

Директорот ги „шпионира“ вработените во АХВ со камери, ги демне по цел ден во неговата канцеларија

Предраг Петровиќ08/04/2026 - 13:0808/04/2026 - 13:09

Лишени од слобода седум лица, сузбиена организирана криминална група инволвирана во недозволена трговија со дрога

Предраг Петровиќ07/04/2026 - 20:07

Намалена видливост поради магла на патниот правец Лисец – Попова Шапка, во Крушево и на планинскиот превој Плетвар

Предраг Петровиќ01/04/2026 - 18:17

Филипче праќа писма до ЕУ: Мицкоски остварува руски интереси, ја саботира македонската интеграција

Предраг Петровиќ01/04/2026 - 15:2001/04/2026 - 15:26

МВР го расчисти денешното убиство во Охрид, уапсен 53 годишен жител на Брвеница

Предраг Петровиќ27/03/2026 - 20:33

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари

Предраг Петровиќ27/03/2026 - 16:29
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто