Џафери: Современите безбедносни предизвици бараат заеднички одговори

Од:

Современите безбедносни предизвици бараат и заеднички одговори, а досегашниот А5 придонес во Авганистан ја афирмираше нашата заедничка волја и способност за заеднички одговор на тие предизвици.

Ова го истакна министерот за одбрана Талат Џафери во своето обраќање на конференцијата на земјите-членки на САД-Јадранската повелба што се одржува како дел од Сеопфатниот регионален министерски состанок во Брдо кај Крањ во Словенија.

Блиската соработка, рече министерот Џафери, се потврди како успешен пример на заеднички регионален одговор на предизвиците, во контекст на силите ИСАФ во Авганистан, односно во Школата за воена полиција и придонесот на медицинскиот тим.

Осврнувајќи се на она што е најзначајно во контекст на поддршката на мирот и демократијата, министерот Џафери посочи дека Република Македонија ја поздравува секоја иницијатива која ќе се наочи кон можен иден заеднички ангажман на земјите од групата А5 во мисијата во Авганистан по 2014 година. Притоа, додаде дека Република Македонија располага со капацитети во областа на обучувањето, подетално во областа на воената полиција, разузнавањето, врските и друго.

Министерот Џафери се обрати и на вториот панел посветен на рационалнизацијата и приоритетите на заедничките регионални проекти, притоа посочувајќи дека Република Македонија е цврст промотор на регионалната соработка како основа за зајакнување на безбедноста и стабилноста, како и на размената на искуства на патот кон евроатлантско интегрирање на земјите од регионот.

– Со задоволство можам да истакнам дека постои напредок во повеќе проекти, како БРААД – Балканскиот пристап за противвоздушна одбрана, регионалните медицински сили, регионалните центри за обука и друго, подвлече министерот за одбрана Талат Џафери.

Би можело да ве интересира

Членовите на Постојаниот комитет на Парламентарното собрание на НАТO во „контрола“ на касарната „Илинден“

Сиљановска-Давкова: Безбедносните закани бараат големи вложувања во одбраната, напредните технологии и оружја

Горан Наумовски

Лафчиски: Нашето членство во НАТО е гаранција за мир и стабилност во земјата

Во сообраќајка се преврте возило на АРМ, едно лице е повредено

На воениот отпад во Ѓорче Петров се истепаа двајца војници на АРМ

Мисајловски: Условот од два отсто од Буџетот за одбрана е исполнет, 32 отсто одат на модернизација