Џафери: По сите конфликти, останува помирувањето

Од:

По сите конфликти ни останува помирувањето кое беше и натаму треба да биде мисија на сите заедници во Македонија, порача вицепремиерот задолжен за спроведување на Рамковниот договор Муса Џафери, отворајќи ја денешната дебата по повод 12 години од потпишувањето на документот.

– Охридскиот договор обезбеди мир во изминатите 12 години, создаде простор за интегрирање на сите заедници кои претходно беа маргинализирани, оцени Џафери.
Според него, Рамковниот е вид компромис со кој можеби ниту една страна не е задоволена, но се креираше модел за функционирање без дискриминација, се реши насилството, а преку дијалогот се доближуваме до европските вредности.

– Од историски аспект, Македонија немаше храброст во соодветно време да ги решава и третира овие прашања поради што се создаде проблем, истакна вицепремиерот.

Љупчо Георгиевски, еден од потписниците на Охридскиот договор, констатира дека Албанците во тоа време апсолутно имаа право да бараат промена во Уставот, но, како што рече, останува дилемата дали за тоа беше неопходен воен судир.

– Дали Македонија имаше потреба од радикална промена на Уставот? Да, времето беше зрело за Албанците да ги подигнат своите права на повисоко ниво. Но дали беше направен вистинскиот потег, дали требаше правата да се бараат со крвополевање, праша Георгиевски.

Тој оцени дека за Македонија денес е многу важно да се надмине спорот со Грција зашто невлегувањето во ЕУ и НАТО ја истрошува државата демократски и економски, а наскоро ќе ја истошти и мултиетнички.

Во текот на дискусијата поранешниот пратеник Насер Зибери забележа дека македонските политичари сеуште се плашат да се појават на вакви настани зашто мислат дека јавноста ќе ги осуди и ќе ги изгубат изборите.

– Не е доволно само македонските политичари од опозицијата да го дадат своето мислење, тоа треба да го сторат и оние што се на власт, напомена Зибери.
На расправата по повод 12 години од потпишувањето на Рамковниот договор освен тогашните учесници во процесот, учествуваат и повеќе претставници од меѓународната заедница.

Би можело да ве интересира

Грузија: Меѓу руската прегратка и евроатланските амбиции

Емир Латифовиќ

(ВИДЕО) Силна поддршка за СДСМ од партијата на Европски социјалисти

Емир Латифовиќ

Груевски не сакаше да влезе, пратениците се инаетеја

Ана Ололовска

Животните мудрости на големите и силни жени

Емир Латифовиќ

Најмалку 11 загинати откако автобус удри во постојка во Анкара

Емир Латифовиќ

20-километарска колона возила во Унгарија, по зајакнатата контрола на австриската граница

Емир Латифовиќ