Џафери: Освен прашањето за името, Македoнија си исполнува сите критериуми за НАТО

Од:

Јас не водам сметка за тоа кој што слави. Ние сме свесни дека на Самитот на НАТО во Букурешт во 2008 година од страна на институциите на Алијанстаа беше прокламирано дека Република Македонија ги исполнува сите политички критериуми за полноправно членство, освен проблемот за разликите за името што го имаме. Во тој контекст се очекува надминување на тој проблем и поканата за членство да може да се упати за Република Македонија.

Вака одговори министерот за одбрана Талат Џафери денеска на новинарско прашање дали Република Македонија има причина да слави со оглед на тоа дека во Грција се слави 5 години од Самитот на НАТО во Букурешт кога не добивме покана за членство.

– Во тој контекст останува заложбата на претставникот на ОН за средбите кои ги најави со претставниците на Македонија и на Грција да ги интензивираат разговорите и во таа насока ние сите се надеваме дека двете држави ќе изнајдат соодветно прифатливо решение за двете страни за да може да се надмине и последната пречка за да можеме да станеме полноправна членка на НАТО, изјави министерот Џафери денеска по одбележувањето на 64 годишнината од формирањето на Алијансата во Домот на АРМ во Скопје.

Очекувањата за тоа дали ќе ја добиеме заслужената покана за членство на мини Самитот на НАТО што треба да се одржи во јули, смета Џафери, зависат од разговорите за изнаоѓањето решение за надминување на прашањето за името.

– Доколку тоа се случи Самитот не е неопходен. Мини Самитот што е најавен е за подготовките односно за пост-ИСАФ 2014 година. Ние ги следиме следиме сите настани кои се случуваат и сме подготвени за сите одлуки кои ќе следат понатаму, појасни министерот за одбрана.

На прашањето дали како Армија сме подготвени за НАТО, тој е дециден дека Министерството за одбрана, а во чиј склоп е и АРМ, е подготвено за полноправно членство.

Одговарајќи на прашањето за тоа дека Република Македонија е единствениот пример што има изработено 14 акциски циклуси, Џафери подвлече дека во 64 години од постоењето на НАТО има многу исклучоци и многу поединости и во тој контекст, како што рече, поединоста на Република Македонија е  и по 14 циклус да продолжи да ги одржува и да ги поддржува стандардите дадени од Алијансата.

Министерот Џафери потенцира дека менаџирањето со МО не се гледа низ призма на поединечности, туку е комплементарно.

Би можело да ве интересира

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

НАТО соопшти дека не ги гледа условите за поканување на Киев во Алијансата

НАТО: Украина да обезбеди војници, ние испраќаме само средства

Горан Наумовски

Нордиските и балтичките земји ја поддржуваат улогата на НАТО во поддршката на Украина

Русија: Немаме намера да влегуваме во конфликт со НАТО

Четири години од членството во НАТО – Земјава не е само фактор на стабилизација на регионот, туку и поттик за државите во соседството