Џафери: Не е ислучена посетата на споменикот во Супчане

Од:

Тоа се дневни активности, а јас како министер сум претставник на сите граѓани и не е исклучена и таа можност и не гледам причина зошто да не, одговори министерот за одбрана Талат Џафери на новинарското прашање дали оваа година во август ќе го посети споменикот на ОНА во Слупчане и во кој формат.

На барање на новинарите да појасни дали евентуалната посета би била официјална на министер или ќе биде во друг формат, Џафери со дообјаснување: ако има официјален и неофицијален министер тогаш може да го третирате како што сакате.

Лани тогaшниот министер за одбрана Фатмир Бесими положи цвеќе на споменикот на УЧК во Слупчане. Настанот предизвика низа реакции, меѓу кои и од Владата, од каде посочиja дека одлуките за одбележување на некој настан со присуство на официјална владина делегација и нејзиниот состав ги носи Владата со заклучок. Владата лани соопшти дека нема донесено одлука за официјално одбележување на настанот кој се случи во Слупчане ниту пак има испратено владина делегација на таков настан.

Од настанот, минатата година се оградија и ГШ на АРМ и владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

Положувањето венец  од страна на министерот за одбрана и припадници на АРМ на споменик на припадниците на ОНА, како што тогаш објасни Бесими, претставува придонес кон процесот на помирување кој е неопходен за Република Македонија и за нејзините граѓани.

И Здружението на припадници на безбедносните сили „Бедем“ оцени дека положување цвеќе од страна на министерот за одбрана пред споменик на ОНА во селото Слупчане е погрешен чекор.

На новинарското прашање зошто се уште не е потпишана одлуката за летување на семејствата на загинатите мировници во несреќата кај Блаце и на бранителите од 2001 година, како нивно законско право, министерот Џафери упати на законската процедура, која може да ја појаснат во правната служба на МО.

Би можело да ве интересира

Независниот синдикат на професионални војници поднесе кривична пријава против Славјанка Петровска

Катерина Ѓуровски

Уставниот суд ја укина забраната за вршење верски обреди во објектите на македонската армија

А1он

Сиљановска – Давкова: Најсилната страна на Армијата е човечкиот капитал

Раскинат е договорот со фирмата што ја снабдуваше АРМ со храна, по труењето на 60 војници

Мисијата на ОН во Либан во која има и македонски офицери го одби барањето на Израел да напушти дел од позициите

Катерина Ѓуровски

Оброците за АРМ се 100% исправни, соопшти фирмата која ја подготвува храната