Џафери-Јилмаз: Исклучителна соработката на Македонија и Турција во одбраната

Од:

Соработката на полето на одбраната меѓу Република Македонија и Република Турција е одлична и претставува пример за соработка во регионот, оценија денеска ресорните министри на двете земји Талат Џафери и Исмет Јилмаз.

Република Македонија во Република Турција гледа голем пријател и поддржувач што може да се види и преку активностите во рамки на билатералната одбранбена соработка, рече Цафери на средбата со Јилмаз.

Џафери, кој престојува во работната посета на Турција, заблагодари за континуираната поддршка на турските пријатели за процесот на македонската интеграција во НАТО, особено, како што нагласи, земајќи го предвид фактот дека амбасадата на Турција во Македонија од почетокот на оваа година е НАТО-контакт амбасада.

Како што соопшти Министерството за одбрана, во контекст на односите меѓу Македонија и Турција може да се истакнат долгогодишната соработка во областа на военото здравство, големата турска поддршка во едукација и образование на наши кадри, како и донациите за модернизација на опремата на АРМ.

Македонија и Турција потпишаа Спогодба за соработка во 1994 година. Првото воено аташе во Република Македонија беше упатено во 1994 година од Република Турција каде две години подоцна беше упатено и првото воено аташе од Република Македонија. Истовремено, Турција е најголемиот донатор на опрема чија вредност достигнува околу 18,5 милиони долари.

Би можело да ве интересира

Отворен ден на АРМ по повод годишнина од членството на Македонија во НАТО

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Власта да ја стопира набавката од 250 милиони евра за транспортни хеликоптери во изборен период

Отворен ден на Армијата по повод четири години од членството во НАТО и 75 години од формирањето на Алијансата

Армијата за 230 милиони евра ќе се опреми со осум хеликоптери од италијанскиот производител „Леонардо хеликоптерс“

Објавен jавен оглас за прием на 300 нови професионални војници во Армијата

Нови 150 професионални војници во редовите Армијата добија договори