Џафери, инспириран од Филе, прозборе

Од:

Талат Џафери, по неколку дневниот„ говор“ со молчење, читање во тишина книги , весници, и по рецитирањето на „Тишина“ од Ацо Шопов, денеска, инспириран од посетата и кажаното од еврокомесарот за проширување Штефан Филе, прозборе.

Џафери е задоволен, и затоа потенцираше дека Филе, на неколку средни и неколку пати го споменал Охридскиот договор како позитивен пример и услов за нашата желба за влез во евро-атланскиот дом.

„ Филе јасно укажа  дека Европската унија има направено документ за Охридскиот договор, целосна анализа  за тоа каде тој се имплементира и поради тоа добро е да се потсетиме како тој настана и кои беа причините за неговото донесување, кое беше,  под гаранција на меѓународните партнери и  по долги преговори. Резултат на тој дого вор е веќе донесениот Закон за бранители во 2002 година, што е доказ дека не постои потреба да се донесе овој  нов Закон за бранители. ДУИ повторува дека ова чувствително прашање треба да се реши, но не  на селектривен начин како што тоа се прави сега. Филе, можеби не на директен начин, но на индиректен начин укажа на тоа дека институциите на Република Македонија,  ова прашање треба да го разрешат многу внимателно, а начинот на кој тоа сега го прават не придонесува за оние за кои ова решение е наменето“, рече Џафери .

За Џафери сето ова е доказ дека законот за бранители, предложен од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, не треба да се донесе.

Џафери од Уставот и законот за Собрание, се префрли на цитирање на документи како е донесен и која е важноста на рамковниот договор .

Најави нови изненадувања во неговиот настап  пред  Комисијата за труд и социјална политика.

Најави дека може и едно и друга, и да говори и да молчи, но и да чита поезија, и тоа до бескрај.

Со новата тактика Џафери сака да го блокира изгласувањето на законот за бранители.

 

 

Би можело да ве интересира

Опозициските пратеници ја напуштија седницата за реконструкција на Владата, Гаши даде нова едночасовна пауза

Собранието ќе избира нови членови на Владата

А1он

Гаши: Координаторите да најдат заедничко решение за изборните реформи

Во понеделник во Собрание ќе се разрешат старите и ќе се изберат нови членови на Владата

А1он

Жестока дебата меѓу власта и опозицијата во Собранието за измените на Законот во основното образование

Собранието ги донесе законите за судска и јавнообвинителска служба