Министерот за одбрана Талат Џафери и началникот на Генералштабот на АРМ генерал-мајор Горанчо Котески денеска ќе го посетат Центарот за обука на вода во Охрид.
Тие ќе се запознаат со работата и извршувањето на задачите на овој Центар, при што во рамки на посетата во пловидба ќе биде пуштен ремонтираниот патролен чамец на АРМ.
Министерот Џафери и генералот Котески ќе го посетат и воениот камп Свети Наум со цел да се утврди текот и реализацијата на градежните работи околу реконструкцијата на истоимениот камп.
Во рамки на посетата, Џафери и началникот на ГШ на АРМ Котески ќе бидат придружувани од државниот секретар во Министерството Сашо Стефаноски и генерали на АРМ.