Џафери: И јас ќе се поклонам пред паднатите борци на ОНА

Од:

Новиот министер за одбрана Талат Џафери тврди дека исто како неговиот претходник Фатмир Бесими ќе се поклони пред споменикот на паднатите борци на ОНА во Слупчане.

Тој вели дека ќе направи еден таков чекор, и покрај негативните реакции кај македонската јавност од минатата година.

„Мојот претходник се поклони кај гробиштата на паднатите борци, меѓутоа ги изврши и протоколарните и институционалните обврски кај спомениците на безбедносните сили. Јас како министер имам целосна слобода за лично да одлучам каде, кога и како ќе бидам присутен. Тоа право јас секогаш ќе го користам кога ќе биде потребно”, вели Џафери за весникот „Лајм”.

„Ова значи дека ќе се поклоните кај гробиштата на паднатите борци на ОНА?”,  го праша новинарот.

„Пред паднатите борци секако”, одговара категорично Џафери.

Би можело да ве интересира

Џафери: Спроведовме европски избори и придонесовме во европското поведение на земјата

Џафери на Ифтарската вечера упати пораки за взаемна почит, желби за добро здравје, благосостојба и успех

Горан Наумовски

Тошковски за поништувањето на неговите наредби: Во влада се тотално неинформирани, како не им е срам

Орце Костов

Џафери: Се ќе сториме за да ги исполниме потребите на студентите

Џафери: Очекувам автопатот Гостивар-Кичево да биде завршен во 2027 година

Средба на премиерот Џафери со претседателот Зеленски во Тирана: Потпишана Заедничка изјава за евроатлантските интеграции на Украина