Џафери и Чејку ја потврдија одличната соработка во областа на одбраната меѓу Македонија и Албанија

Од:

Министерот за одбрана на Република Македонија, Талат Џафери денеска оствари средба со амбасадорот на Република Албанија во Република Македонија, Арбен Чејку, на која беа истакнати одличните билатерални односи и соработка меѓу двете земји, особено во областа на одбраната.

Џафери и амбасадорот Чејку, соопшти Министерството за одбрана, недвосмислено се согласија дека одржувањето на односите базирани на меѓусебно почитување всушност претставуваат основа за регионален развој.

Воедно, соговорниците, како што се наведува, разгледаа повеќе прашања кои се во функција на натамошно одржување и продлабочување на билатералната соработка, и чекорењето на патот на евроатлантското интегрирање, меѓу кои и календарот на активности на групата А5 и заедничката соработка во мировните мисии на глобално ниво.

Амбасадорот Чејку му го честиташе на Џафери изборот на функцијата министер за одбрана и му посака успех во управувањето со групата А5, стои во соопштението.

Би можело да ве интересира

Потврдена e шуга кај двајца војници на обука во касарната во Велес

Горан Наумовски

Сиљановска-Давкова: Армијата е современа и усогласена со стандардите на НАТО

Синдикатот пријави 14 припадници на Армијата за злосториничко здружување и за злоупотреба на службена положба

СДСМ: Со Мицкоски и ВМРО нема поголеми плати ниту во Армијата

Мисајловски најави забрзана модернизација на одбраната во 2026 година

(ВИДЕО) Зеленски: Наскоро ќе извезуваме оружје, така ќе ја плаќаме одбраната