Нова тактика: Џафери 15 минути молчи, 15 минути говори

Од:

Талат Џафери избира различни дисциплини за да урива рекорди. По маратонското дебатирање, денеска внесе и новина „Говор со молчење“.

Најави дека сите рекорди ќе бидат во негови раце.

Молчеше еден час, а потоа повторно го започна говорот, со цитирање на Уставот, Охридскиот договор, споредбени закони од Босна и Херцеговина и Хрватска, и се за да докаже дека Законот за бранители е штетен и во спротивност со Уставот.

И сега фати нова тактика, 15 минути говори, 15 минути молчи. Во 15-минутниот молк, вели, си ги средува мислите.

Не дозволува ни во говорот ни во молчењето некој да го прекинува. На барањето на Веле Ѓеорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ за процедурална забелешка, Џафери остро се спротивстваува, дека во тек на говор нема процедурални интервенции.

И додека Џафери молчи, се читаат книги и весници, а во шега пратениците се договараат дека можат и да почнат да плетат или да извезат по некој гоблен.

ДУИ најави дека ќе ги искористи сите институционални можности за да го спречи носењето на Законот за бранители.

На колаициската ВМРО-ДПМНЕ и нудат или да го повлече законот, или истите права што се предвидени за бранителите да важат и за припадниците на ОНА.

Претседателот на Комисијата Цветанка Иванова, вчера рече дека комисијата ќе работи поинтензивно, и по 18 часот и во саботите. По Талат Џафери треба да говори Ермира Мехмети.

Би можело да ве интересира

Собранието ги донесе реформските закони за дигитална трансформација

На 9 јули пратениците ќе расправаат за интерпелацијата за претседателот на Уставниот суд

Здравковски: Охрабрувачки е фокусот на Владата кон младите

Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот без присуство на мнозинството донесе одлука за одржување Надзорна расправа за трагедијата во Кочани

Пратениците ја изгласаа Фискална стратегија на Република Македонија за 2026 – 2030 година

Горан Наумовски

Змија предизвика хаос во Собранието на БиХ: Поради „небезбедни услови“, седницата беше откажана, наредена е истрага