Џафери читаше поезија од Ацо Шопов и сакаше да молчи

Од:

Талат Џафери  и денеска се обиде седницата на Комисијата за труд и социјална политика, да се одвива по вчерашното сценарио. Тој да молчи, да си чита некоја книга, а другите да го слушаат неговиот молк.

Џафери читаше и поезија од Ацо Шопов.

Инспириран од напишаното:

„Тишина, ако носиш нешто неизречено, ако нешто те притиска и пече, тишината сама ќе го рече“, одлучил повторно ставот со молчење да го искаже.

Пратениците од опозицијата , реагираа дека вака не може да се продолжи, дека ова е непродуктивно, и се трошат и време и пари од граѓаните.

Атмосферата се вжешти, Џафери се налути зошто опозициските пратеници му пречат во молчењето.

„Ова не е само фарса, туку и срам. Ова може до недоглед да оди. Вака ВМРО-ДПМНЕ сака да молчи и божем го предлага законот, а ДУИ божем се буни“, реагираше Шеќеринска.

Џафери рече дека зборот бил негов и дека е подготвен и на скандали.

Подносителите на Законот за бранители, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, не реагираат, и тие молчат.

Претседателот на Комисијата, Цветанка Иванова, поради бесмисленоста на ваквиот тек на седницата, ја прекина седницата, и најави дека од претседателот на Собранието ќе бараат објаснување, дали ова и деловнички е дозволено. Иванова рече дека има многу реакции од граѓаните, и дека бесмислено се трошат пари на граѓаните.

Опозицијата реагира, дека ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ имаат договор, со вакво премолчување да ја заташкаат коалициската криза, и да не заглават во лавиринтот со поднесувањето на законот за бранители.

Би можело да ве интересира

Собранието го усвои Законот за младински додаток, 3.000 денари за млади до 23 години

А1он

Собранието не го прифати предлогот за едно државјанство за министрите

Горан Наумовски

Собранието го донесе Законот за Советот на јавните обвинители

Собранието изгласа укинување на техничката влада

А1он

Собранието ја одобри постапката за укинување на техничката влада

Горан Наумовски

Собранието ќе расправа за законските измани за укинување на техничката влада