Џафери-Чеку: Ќе се продлабочува соработката меѓу МО и КБС

Од:

Воспоставената соработка меѓу Министерството за одбрана и Косовските безбедносни сили (КБС) е на највисоко ниво и ќе продолжи да се интензивира, заклучија денеска по средбата во Приштина министерот на КБС Агим Чеку и македонскиот министер Талат Џафери, кој се наоѓа во прва официјална посета на Косово како министер за одбрана.

Според министерот Џафери, подготвеноста на КБС за билатерална и регионална соработка е уште една потврда во напорите за зближување на двата народа и држави.

Џафери и Чеку, јави известувачот на МИА од Приштина, информираа дека во рамки на продлабочување на соработката ќе бидат разменувани искуствата во однос на спроведување на НАТО стандардите, ќе продолжи школувањето кадри во Воената академија во Скопје и во центрите за обука, но и на експертско ниво.

Капацитетите на полигоните на АРМ ќе им бидат отворени за обука за алпинистика во делот на цивилната заштита на припадниците на новоформираната посебна единица за пребарување од КБС.

– Во сите иницијативи во кои ние учествуваме ќе настојуваме да бидат присутни и претставници од КБС и другите институции, имајќи предвид дека целосната меѓународна институционализација на Република Косово не е довршена, изјави министерот Џафери по средбата.

Министерот Чеку потенцира дека Македонија и Косово делат заеднички цели – добрососедски односи, мир и стабилност во регионот, евроатланските интеграции и градењето стратешки односи со САД.

Според Чеку, спогодбата меѓу Косово и Србија позитивно би влијаела и врз земјите членки на ЕУ и на НАТО кои не го признале Косово да ја признаат независноста и во таа насока политиката на отворени врати на НАТО да важи и за Косово.

Министерството за одбрана на Република Македонија и КБС имаат склучено Меморандум за соработка во 2010 година.

Во Приштина Џафери се сретна и со претседателот на Косовскиот парламент Јакуп Красниќи, а во Командата на КФОР со командантот на КФОР, генерал-мајор Волкер Р. Халбауер.

Инаку, Република Македонија обезбедува постојана логистичка поддршка за КФОР на Косово од јули 2007 година. Во моментот на Косово има околу 5.500 војници.

Би можело да ве интересира

Независниот синдикат на професионални војници поднесе кривична пријава против Славјанка Петровска

Катерина Ѓуровски

Уставниот суд ја укина забраната за вршење верски обреди во објектите на македонската армија

А1он

Сиљановска – Давкова: Најсилната страна на Армијата е човечкиот капитал

Раскинат е договорот со фирмата што ја снабдуваше АРМ со храна, по труењето на 60 војници

Мисијата на ОН во Либан во која има и македонски офицери го одби барањето на Израел да напушти дел од позициите

Катерина Ѓуровски

Оброците за АРМ се 100% исправни, соопшти фирмата која ја подготвува храната