Џафери: Безбедноста и сигурноста на државите се услов за успешно интегрирани општества

Од:

Безбедноста на државите и регионот претставуваат услов за понатамошен развој и успешно интегрирани општества, истакна министерот за одбрана Талат Џафери на Меѓународната конференција „Интегрирањето на општествата, растот на генерации и ресурсите за грижа“, која се одржува денеска во Струга.

– Сметам дека безбедноста и сигурноста на општествата како одбранбен аспект треба да дадат појдовна основа која пак ќе даде сигурност за другите интегративни процеси во општествата било од општествен, економски или друг вид интегрираност на општеството, како и можност за понатамошни извори за развој на општествата во регионот, односно пошироко во Европа, рече министерот Џафери.

Зборувајќи за позитивните придобивки од соработката меѓу државите министерот за локална самоуправа на Република Македонија Тахир Хани, меѓу другото потенцира дека конференцијата дава можности да се анализираат сите придобивки од една добра соработка помеѓу државите на Западен Балкан,  да се  разгледааат нашите законски рамки, да се согледа до каде е процесот на децентрализација и кои се придобивките од тој процес, како и да се потврдат придобивките од искористувањето на ИПА фондовите.

– Со компонентата два од ИПА фондовите – прекугранична соработка со кои менаџира Министерството за локална самоуправа и каде што директно државите можат да соработуваат, сакам да напоменам дека во моментов имаме можност да објавиме повик за меѓугранична соработка помеѓу Република Македонија и Република Косово, а очекуваме повикот да биде објавен до крајот на септември, додаде министерот Хани.

Учесници на Конференцијата се претставници од универзитетите од соседна Албанија, професори од македонските универзитети, како и градоначалници од неколку општини во Македонија. Организатори на средбата се Институтот за меѓународни политички студии и Институтот за соработка за интеграција и развој.

Би можело да ве интересира

Елфет Исмаили нова заменик министерка за одбрана

МО: Насковски уште во мај 2023 година е разрешен од функцијата претседател на синдикалната организација НСПВ

НСПВ: Министерството за одбрана ја сопре членарината на синдикатот и на тој начин го оневозможува синдикалното делување

Горан Наумовски

Петровска со иницијатива за подигање спомен обележје во Тетово за загинатите во масакрот кај Вејце

Ана Ололовска

Петровска: Речиси 90 милиони евра за воена опрема, учеството во странски мисии ќе чини над 10 милиони евра

A1on

Министерството за одбрана ниту демантира ниту потврдува дека авионите „Сухои“ ќе и ги донира на Украина

A1on